Thursday, July 14, 2022

Трет Втори Август?!?

Мојата теорија дека и покрај затворањето на кутиите во 19 часот, на 8 септември 1991 година, до озваничувањето на резултатите од референдумот поминаа 2 часа, е точна. Тоа го потврдија Јове Кекеновски (и уште еден тогашен учесник во настаните, во статија на „Сакам да кажам“). За тоа пишував во еден пост на Астролошки Разговори пред неколку години, профил кој ФБ реши да ми го суспендира. Згрешив што постовите не си ги објавував  и на блогот, со што ќе останеа сочувани.

Неколкупати со своите анализи (кои неретко забележував дека се копирани од квази-астролози) покажав дека достојното толкување на астрологијата, без многу ем




оции, но и без тенденции од било каков вид, може да вроди со плод и да донесе јасна рамка за сликата која ќе се одвива во периодот кој следува.

Пред неколку години, објавено на мојот блог, предвидов дека следуваат големи немири во светот, со Уран во Бик, и дадов една анализа. Во истата, сугерирам дека на секои 80 години, со влегувањето на Уран во Бик, во светот се случува голема војна, од светски размери. Секако, војни, за жал, имало и во други периоди, но се работи за силината и ударот на последиците во периодот кој следувал. Обично станувало збор за конфликт помеѓу новото, Уран, наспроти старото, Бик, или човечкото и духовното, наспроти материјалното и рутинското... 

Од 5 јули 2022, па во наредните 2 месеци, Марс ќе транзитира низ Бик. И Марс и  Уран се во Бик, а ниту Марс ниту Уран не се на своите места кога се во Бик. Бик е земја, Уран е невреме, а Марс агресија, разорување на земјата.

Ова не се добри сигнали за светските прилики. Може да се очекува да ескалираат тензиите меѓу земјите и конфликтите да почнат да се водат и надвор од специјалната војна која досега се води, односно онаа на вирусите, економијата, санкциите и тн.

Што ќе се случува со Македонија?

Според 8 септември 1991, во 21 часот, транзитирачкиот Уран од февруари 2022 влегува во прво поле на Република Македонија. Праксата вели дека Уран во дирекции во прво поле значи побуни, штрајкови, протести, анархија, критика на владата. Француската и Октомвриската револуција биле кренати во период кога Уран се наоѓал во 1 поле, дали транзитно, дали при квартални хороскопи за Русија и Франција.

Со транзитите, од 21 јули Марс влегува во 1 поле во хороскопот на Република Македонија. Тука се заедно со Уран, а тоа никако не е поволна ситуација. Првото мундано поле означува народ, а Марс во 1. значи напад, агресија, незадоволство, воено расположение и можност за војна. Комбинирано со Уран, претпоставете го исходот... Екстремно лоша дата за РМ е 30 и 31 јули, кога транзитните Уран и Марс доаѓаат во конјункција и обете во опозиција на Плутон од 1991 година. Нагласено уште и транзитен Сатурн (најлошата планета) во опозиција со Венера од 1991 - Венера е владетел на 1. од хороскопот на Македонија од 1991, значи народ - уште еден неповолен параметар. Сето тоа во предвечерјето на денот на Македонската државност, 2 август. Земено во предвид со сето она што се случуваше по улиците на Скопје изминативе две недели, губам волја за да синтетизирам и да влечам заклучоци.

Секако, можеби и сето ова да нѐ одмине, на што искрено се надевам. Очекувам дека сите ситуации кои ќе произлезат, ќе бидат пребродени без ескалација и без големи проблеми, а учесниците во истите ќе задржат студени глави...



No comments:

Post a Comment