Saturday, September 02, 2017

Пари

Финансиските прашања се една голема дилема за која многумина разрешница бараат во астрологијата. Астрологијата може да ви даде насока од каде да очекувате дека парите ќе дојдат, или пак што треба да направите за да ги заработите. Неретко, можеме да сметаме на одредена добивка кога во позитивен аспект ќе транзитираа Венера и Јупитер. Дури и негативниот значи пари, но значи и трошок. Транзит на добра планета низ 2. носи пари, исто онака како што транзит на лоша ќе значи загуба и оскудица.
Еве едно интересно видување на транзитот Јупитер-Венера, испреплетено со емотивен набој, еуфорична кулминација и разочарувачка перипетија, од која можеме да ги уочиме сите финеси на астрологијата: дека таа зависи не само од силината на аспектите, туку и од условите во кои тие се случуваат.
„Деновиве, на мое големо изненадување, имав прилика да заработам повеќе пари од вообичаеното. Не, не е од астрологија, за жал. Мојата љубов спрема астрологијата досега ниту еднаш ја немам наплатено.
Сакате да знаете од што? Од она што го работам на дневна основа. Не дека и тоа не го сакам, некаде еднакво со астрологијата, дури можеби и повеќе, но рутината убива и знае да гаси и оган и жар. Станувате роботи на својата живеачка. Да не ви кажувам колкава ми е платата, ќе се смеете. Јас се смеам.
Да бидеме попрецизни, надвор од очекувањата заработив неколку илјади денари. 2-3, не повеќе. Немојте, не се секирајте, не се збогатив. Плус, ангажман сум во проект кој допрва ќе биде платен. Уште илјадарка оттаму. Вау, навистина неколку неочекувани приливи. Плус, ги покрив тековните долгови; барем засега. Сѐ на сѐ, добро е, одамна немало (толкав!) плус.
Човече, што е работава бре? Од ангажманиве, па летото, па одморите, немам отворено астрологија. Вечерва отварам тоа Кеплерот кој пресметува сѐ на готово, и гледам крај на Август, почеток на Септември: Јупитер транзитира низ наталната Венера.
Но комент.
.........
А јас реков нешто се помести во мојата судбина. Реков, збогум сиромаштијо, сега проективе ќе се множат, ќе станат секојдневие, рутина, малце повеќе пари, малце повеќе благосостојба. Но не, добриот Јупитер решил да ми дојде врз Венера во едно сосема обично доба од животот, да ме начека неподготвен, да ме почести некоја илјадарка и да си оди од мојот живот за долго време, без да ми даде шанса да се соземам и да искористам нешто повеќе од ситуацијата. А што повеќе, се прашувам?!
Гледам, на 11-ти месецов сега Венера транзитира во добар аспект со наталниот Јупитер.
Ох, веројатно тогаш ќе земам плата. Неееееееее......... На што ми се потрошија најубавите аспекти.... На што?!
Значи, најдобриот можен транзит од цел хороскоп кој се случува еднаш на 11 години, мене ми донесе нешто помалку од 100 евра. Шит. Карма. Фала, не мораше толку многу. Да ти*ам тоа земјава, да бев некаде на друго место ќе заработев неколку илјади евра со проектите што ќе ми се намножеа. Е стварно ќе се збогатев таму, може и кола и нешто повеќе ќе купев. Знаете, во оние земји каде што плаќаат за трудот. Нормалните, не као оваа, у која најбољи аспект у цел зодијак ти носи п****ви 100 евра. Ха! Ни толку.
Да ти е**м све, ај ќе ги чекам да пројдат 11 години и ќе ги дочекам во подобри услови тогаш, се надевам, па коа ќе падне проект да падне јако. Ох!“

Thursday, May 11, 2017

Македонија во 2017/2018


Уште од мојот претходен пост за падот на Груевски, некако чувствував дека би било дегутантно да пишувам само за фактот дека неговата власт ќе заврши. Дадов и предикција кога. И мене не ми се веруваше, како и на сите оние кои ме следеа во тие прогнози. Потоа, гледајќи ги астролошките параметри, не можев да поверувам дека ќе издржи да владее толку многу, до средината на годинава, дури после лошиот квартален од 21 март 2017. Дегутантно ми е да пишувам, откога веќе настаните се случија, дека Уран во 10. поле секогаш носи проблем за власта од насилен карактер, како што е примерот со настаните во Собранието од 27 април. Груевски издржа многу удари, дури со натчовечка сила. Немаше потреба. Со тоа само повеќе си ја предизвика негативната карма од Плутон во Зенит. Но, тој не можеше да оди против таа силовита моќ, која од обичен смртник го вивна во недогледните висини на власта и моќта, исто онака молскавично како што го тресна на земја и го доведе во состојба да се бори за својата слобода. Колку повеќе останува на било каква владејачка позиција, па дури и на позицијата на лидер во својата партија, толку повеќе штета ќе си прави себе, на оние околу него и она што сеуште ќе го води. Но, повторувам, тоа е посилно од него и тој не може против тоа. За таквите ликови пишува во историјата. Тој уште не го кажал последниот збор.

И не само во Македонија. Кармата ја делиме сите држави, положени на истиов меридијан. Скоро сите владејачки кругови се соочија со многу слични проблеми. Некои издржаа, некои не. Се зависи од личните хороскопи на лидерите на земјите; од тајмингот кога повлекуваа одредени потези. Ципрас се спаси, но во Грција не е сјајно. Албанија е во пат-позиција и безизлез од кризата, можеби по тежината на состојбата се едвај нешто се подобри од кај нас. Вучиќ мудро се спаси со тоа што си обезбеди 5 години како претседател, искористувајќи ги позитивните фактори од својот натал, исто како и Бојко Борисов, кој се провлече на изборите со 5% повеќе, наспрема про-руските социјалисти. Во Романија се протестираше. Во Полска исто така проблеми со протести за националистичката власт. Од почетокот на новиот квартал, каде Уран е во 10.=притисоци врз власта, како и точно на Зенит афлицирано Сонце=пад на власта, владата, проблеми за лидерот, претседателот, кралот, во Србија народот не издржа и излезе на протести против Вучиќ, Орбан за прв пат ретерираше од своите позиции и не го укина соросовиот универзитет, после масовните протести против него, дури и во едно Косово почнаа огромни насилни протести, пред некој ден падна владата и се распишаа нови избори. Очекувам, по следот на настаните, земајќи го во предвид фактот дека и Берлин е на истиот меридијан, Меркел да го доживее првиот пораз од Шулц.

Да се вратиме на Македонија. Груевски си оди, Заев доаѓа, тоа е повеќе од извесно. Но, немојте да мислите дека проблемите ќе исчезнат. Малку ќе се растера атмосферата на вкочанетост, вистина, ама неговите проблеми ќе бидат уште поголеми, затоа што тој треба да почне да го исполнува она што го ветил, а притоа соочувајќи се со апаратот кој Груевски му го остава зад себе. Ќе му биде многу тешко, екстремно. Нема да одам со преголеми и предалечни прогнози, ќе се јавувам одвреме-навреме, ако има некакво фајде од тоа.

Генерално, што не очекува?

Да не се залажуваме дека платите ќе скокнат веднаш. Може ќе потрае тој процес. Сонце е влад. на 2. во афликции=тотално празна каса. Ќе се соочиме со неможност за понатамошно задолжување. Големи маки за Заев, ќе мора да крпи со она што може; народот ќе очекува резултати, а опозицијата (ДПМНЕ) масовно ќе го поттикнува народот на радикални чекори (Уран во 10) и на протести, со што ќе предизвика прилично незадоволство поради тоа (90 Месечината=народ). Ако се повлече Груевски, можеби и ќе произлезе нешто од протестите, со некој нов, свеж лидер, но се сомневам. Марс е во 11.=ќе излезат на видело сите проблеми во фондовите за пензии и плати. Мислам дека Заев од тука ќе почне. Ќе биде шокантно она што ќе биде откриено, она кое тие веќе го знаат, од снимките, сега само ќе добие разврска. Уран (насилно), влад. на 8.(смрт), во опозиција со Јупитер (закони, судови, законодавни домови): смрт на некој судија? Осмо е и регенерација, во овој случај - реформа, како што ја најавува Заев?! Или тоа е она кое веќе го видовме во Собранието?! Од позитивните работи можам да кажам Јупитер (влад на 6., планета на странство) 60 Месечина (народ): ќе се отвори некоја голема инвестиција, на голема фирма, средување на состојбата со инвеститорите, работни места. Јупитер 60 Сатурн (влад на 7.=партнери): стабилизирање на состојбата со изолацијата. Веќе нема да не посетуваат само Вучиќ и Тачи (од Косово), земјава ќе го добие проевропскиот, прозападен ветер повторно. Уште повеќе, ќе следи инстантно деблокирање на интеграциите на Македонија со ЕУ и НАТО. Очекувам дури и некое забрзано интегрирање на земјава со ЕУ, дури можеби и членство, но нема да биде годинава, можеби наредната (верувам дека ЕУ сфати дека подобро мигрантски бран од Западен Балкан, отколку од Сирија, Авганистан или Бог-знае од каде). Концесијата која што ќе треба да ја направиме е некој неповолен договор (Плутон на Десцедент)=мигрантски кампови?!

Уште многу што би имало да се додаде. Како ги редам деталите, се повеќе аналогии ми се јавуваат. Но, чекор по чекор, да не се замориме уште на првиот пост. Треба да ги има уште могу повеќе.

Дотогаш, ви благодарам за искрените пораки и охрабрувања кои ги добив периодов. Мотивирачки се. Да, ќе продолжам и понатаму.