Saturday, September 02, 2017

Пари

Финансиските прашања се една голема дилема за која многумина разрешница бараат во астрологијата. Астрологијата може да ви даде насока од каде да очекувате дека парите ќе дојдат, или пак што треба да направите за да ги заработите. Неретко, можеме да сметаме на одредена добивка кога во позитивен аспект ќе транзитираа Венера и Јупитер. Дури и негативниот значи пари, но значи и трошок. Транзит на добра планета низ 2. носи пари, исто онака како што транзит на лоша ќе значи загуба и оскудица.
Еве едно интересно видување на транзитот Јупитер-Венера, испреплетено со емотивен набој, еуфорична кулминација и разочарувачка перипетија, од која можеме да ги уочиме сите финеси на астрологијата: дека таа зависи не само од силината на аспектите, туку и од условите во кои тие се случуваат.
„Деновиве, на мое големо изненадување, имав прилика да заработам повеќе пари од вообичаеното. Не, не е од астрологија, за жал. Мојата љубов спрема астрологијата досега ниту еднаш ја немам наплатено.
Сакате да знаете од што? Од она што го работам на дневна основа. Не дека и тоа не го сакам, некаде еднакво со астрологијата, дури можеби и повеќе, но рутината убива и знае да гаси и оган и жар. Станувате роботи на својата живеачка. Да не ви кажувам колкава ми е платата, ќе се смеете. Јас се смеам.
Да бидеме попрецизни, надвор од очекувањата заработив неколку илјади денари. 2-3, не повеќе. Немојте, не се секирајте, не се збогатив. Плус, ангажман сум во проект кој допрва ќе биде платен. Уште илјадарка оттаму. Вау, навистина неколку неочекувани приливи. Плус, ги покрив тековните долгови; барем засега. Сѐ на сѐ, добро е, одамна немало (толкав!) плус.
Човече, што е работава бре? Од ангажманиве, па летото, па одморите, немам отворено астрологија. Вечерва отварам тоа Кеплерот кој пресметува сѐ на готово, и гледам крај на Август, почеток на Септември: Јупитер транзитира низ наталната Венера.
Но комент.
.........
А јас реков нешто се помести во мојата судбина. Реков, збогум сиромаштијо, сега проективе ќе се множат, ќе станат секојдневие, рутина, малце повеќе пари, малце повеќе благосостојба. Но не, добриот Јупитер решил да ми дојде врз Венера во едно сосема обично доба од животот, да ме начека неподготвен, да ме почести некоја илјадарка и да си оди од мојот живот за долго време, без да ми даде шанса да се соземам и да искористам нешто повеќе од ситуацијата. А што повеќе, се прашувам?!
Гледам, на 11-ти месецов сега Венера транзитира во добар аспект со наталниот Јупитер.
Ох, веројатно тогаш ќе земам плата. Неееееееее......... На што ми се потрошија најубавите аспекти.... На што?!
Значи, најдобриот можен транзит од цел хороскоп кој се случува еднаш на 11 години, мене ми донесе нешто помалку од 100 евра. Шит. Карма. Фала, не мораше толку многу. Да ти*ам тоа земјава, да бев некаде на друго место ќе заработев неколку илјади евра со проектите што ќе ми се намножеа. Е стварно ќе се збогатев таму, може и кола и нешто повеќе ќе купев. Знаете, во оние земји каде што плаќаат за трудот. Нормалните, не као оваа, у која најбољи аспект у цел зодијак ти носи п****ви 100 евра. Ха! Ни толку.
Да ти е**м све, ај ќе ги чекам да пројдат 11 години и ќе ги дочекам во подобри услови тогаш, се надевам, па коа ќе падне проект да падне јако. Ох!“

No comments:

Post a Comment